Tour overview

За целосни уплати заклучно со 7 март, 10% попуст на сите термини а 15% попуст на термините 27.6, 4.7, 22.8

Куќа „Христос“ е лоцирана во исклучително мирен дел на Плагија. Оддалечена е од море и од центарот околу 2 минути пешачење. Има прекрасно уреден голем двор со зеленило и содржини за деца, скара, сопствен приватен паркинг. Располага со четирикреветни апартмани на приземје и на 1 кат, сите опремени со ЛЦД ТВ, клима (вклучена во цената), тоалет, комплетно опремена кујна и две големи тераси со поглед кон дворот и улицата. Во собите нема пешкири како дел од опремата.

Цената е објавена за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
30.05.2026 7 139 55
06.06.2026 7 175 55
13.06.2026 7 219 55
20.06.2026 7 235 55
27.06.2026 7 249 55
04.07.2026 7 259 55

– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –

Цената е објавена за наем на апартман за 7 ноќевања

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1/4 АПАРТМАН
11.07.2026 7 630
18.07.2026 7 700
25.07.2026 7 735
01.08.2026 7 735
08.08.2026 7 735
15.08.2026 7 700

– Се плаќа целиот апартман без разлика дали во него ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети –

Цената е објавена за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
22.08.2026 7 255 55
29.08.2026 7 239 55
05.09.2026 10 239 55
15.09.2026 10 209 55

– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –

Бр. 2, 3, 4, 5, 6 (четирикреветни апартмани) со две тераси. Два единечни кревета во посебна одвоена спална соба и два кревета (еден до друг) во иста просторија со кујната. Бр. 2 и 3 се на 1 кат, бр. 4, 5 и 6 на приземје.

НАПОМЕНИ: 
  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.
  • За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.
  • Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања и се плаќа целосно според бројот на кревети во секоја соба без разлика дали во неа ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети но не и повеќе, во цената не е вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  •                    За возрасни 3,100 денари (50 евра)
  •                    За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  • Тргнувањето од Скопје се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Распоредот на седење во автобус се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Ограничување или доплата за багаж во автобусите нема. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Балкан Експрес Травел“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот на 7 или на 10 ноќевања.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна доплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот, а доколку не се изврши во предвиденото време, агенцијата може да го смета како отказ на аранжман. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници изнесува 930 денари (15 евра) додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од важечки пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 15 часот првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „Балкан Експрес Травел“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • На денот на пристигнување, за гостите во куќите, вработените во т.а. „Балкан Експрес Травел“ ќе бидат на располагање до 18ч по локално време, а потоа за нив ќе се грижат претставниците или сопствениците на куќите, на телефонски броеви (Viber, WhatsApp…) кои патниците ќе ги добијат при подигнување на ваучер во агенцијата.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.bet.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница (www.bet.mk) е од информативен карактер.
  • Категоризацијата на објектите – куќите не е во надлежност на т.а. „Балкан Експрес Травел“ туку е во ингеренции на локалните надлежни институции, како ЕОТ, Министерство за туризам и сл.
  • За информациите добиени од вработените на т.а. „Балкан Експрес Травел“, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, „Балкан Експрес Травел“ не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со лиценциран придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Трансферите до влезот во куќите, со такси или кое и да е друго превозно средство се доплаќаат 5 евра по лице.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена т.а. „Балкан Експрес Травел“ ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  • Туристичката такса која изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место
  • т.а. „Балкан Експрес Травел“ не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ“ и на самата агенција.

ID 029

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ