Tour overview
Лептокарија е мало медитеранско гратче во подножјето на Олимп, каде што морето е кристално, а грчкото кафе има посебен вкус. Место каде што секое зајдисонце е приказна сама за себе.
Вила „Амели“ се наоѓа во централниот дел на Лептокарија, на 180 метри од плажата. Вилата располага со трикреветни и четирикреветни студија. Секое студио има основно опремена кујна, тоалет, тераса и телевизор. Користењето на клима уредот се доплаќа на лице место.
Координати на вилата „Амели“.
| BLACK FRIDAY – 20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 27.11.2026, СО 50% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ДО 05.03.2027 (ЗА СИТЕ ТЕРМИНИ) 10% ПОПУСТ НА ВТОРИОТ ТЕРМИН ПРИ УПЛАТА НА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ (ВАЖИ САМО НА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ) |
| Термин | 1/3 студио/апартман | 1/4 студио |
| 23.05.2027* | 99 € | 99 € |
| 30.05.2027* | 119 € | 119 € |
| 06.06.2027* | 149 € | 149 € |
| 13.06.2027* | 169 € | 169 € |
| 20.06.2027* | 199 € | 199 € |
| 27.06.2027 | 449 € | 479 € |
| 04.07.2027 | 489 € | 519 € |
| 11.07.2027 | 529 € | 559 € |
| 18.07.2027 | 529 € | 569 € |
| 25.07.2027 | 529 € | 569 € |
| 01.08.2027 | 529 € | 569 € |
| 08.08.2027 | 529 € | 569 € |
| 15.08.2027 | 529 € | 569 € |
| 22.08.2027 | 449 € | 479 € |
| 29.08.2027* | 199 € | 199 € |
| 05.09.2027* | 169 € | 169 € |
| 12.09.2027* | 129 € | 129 € |
Цените во табелата се редовни, без Black Friday попустот од 20%.
Цените означени со ѕвездичка (*) се по лице, со вклучен автобуски превоз. Другите цени се за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, без превоз.
Во термините со ѕвездичка (*) плаќаат најмалку две лица по цената од табелата, а трето и четврто лице плаќаат само превоз, доколку го користат. На цените по лице (*), со сопствен превоз цената не се намалува.
| ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА |
- Наем на студио или апартман за 7 ноќевања;
- Автобуски превоз – само за термините означени со ѕвездичка (*);
- Wi-Fi интернет;
| ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА |
- Туристичка такса 2 € на ден по студио/апартман – се плаќа во агенција;
- Патничко осигурување (задолжително);
- Користење на клима уредот – се доплаќа на лице место во објектот;
- Превоз за термините за наем: за возрасен 60 € повратно / 50 € во еден правец; деца до 12 години 45 € / 35 € во еден правец; деца до 2 години (без седиште) – бесплатно;
| ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО |
1/3 студио – едно брачно и едно единечно легло.
1/4 студио – две брачни легла.
| НАПОМЕНИ |
- Цените во табелата се однесуваат на пакет аранжман (*) и на наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62,00 денари).
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
- Попустите НЕ може да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Black Friday попустот од 20% важи за резервации направени до 27.11.2026, со аванс од 50% при резервација и целосна доплата до 05.03.2027, за сите термини. Попустот не се комбинира со другите попусти.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, на дополнително барање, може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица што се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот, кој го издава организаторот на патувањето.
- Преземањето на собите е по 14 часот – локално време, а напуштањето е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- При промена или отказ на резервацијата се наплатуваат 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови за патување.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ може да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.
| ПРЕВОЗ |
- Термините во табелата се денови на поаѓање. Состанокот на групата е половина час пред наведеното време.
- Скопје, ул. Македонија – хотел „Бристол“, во 04:00 часот;
- Велес, бензинска станица кај мотел „Македонија“, во 04:30 часот;
- Неготино, бензинска станица „Макпетрол“, во 05:00 часот;
- Гевгелија, бензинска станица кај граничниот премин, во 06:00 часот.
- Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
- Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
ID 010
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
| ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: |




