Tour overview

Неа Флогита е мало и живописно семејно летувалиште на западниот брег на Касандра, првиот крак на Халкидики, на околу 50 км од Солун. Има долга песочна плажа (околу 1,5 км) со постепен влез во морето, која е одлична за семејства со деца. Покрај морето има шеталиште со поглед кон Олимп, а во местото има кафулиња, таверни, маркети, пекари и пазар.

Вила Мариа Понтои се наоѓа на 50 метри од песочната плажа на Неа Флогита. Вилата располага со трокреветни и четирикреветни студија и апартмани. Студијата и апартманите се опремени со кујна (основен прибор за приготвување на лесни јадења, решо со мини рерна и голем фрижидер со комора за замрзнување), ТВ, wi-fi (вклучен во цената) и клима уред, чие користење е вклучено во цената. Агенцијата не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Координати на Вилата;

Термин Ноќевање 1/3+1 Апартман 1/4 Студио / Апартман
15.05.2027* 7 100 € 110 €
22.05.2027* 7 190 € 210 €
29.05.2027 7 270 € 290 €
05.06.2027 7 350 € 370 €
12.06.2027 7 410 € 430 €
19.06.2027 7 430 € 460 €
26.06.2027 7 490 € 530 €
03.07.2027 7 550 € 590 €
10.07.2027 7 620 € 650 €
17.07.2027 7 620 € 650 €
24.07.2027 7 620 € 650 €
31.07.2027 7 620 € 650 €
07.08.2027 7 620 € 650 €
14.08.2027 7 620 € 650 €
21.08.2027 7 600 € 620 €
28.08.2027 7 470 € 490 €
04.09.2027 7 430 € 450 €
11.09.2027 7 360 € 380 €
18.09.2027* 7 170 € 190 €
25.09.2027* 7 150 € 170 €

ЦЕНИ ПО СТУДИО / АПАРТМАН ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА, БЕЗ ПРЕВОЗ
ЦЕНИТЕ НА ТЕРМИНИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА (*) СЕ ПРОМОТИВНИ И НЕ ПОДЛЕЖАТ НА ПОПУСТИ

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ И WI-FI СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 14:00, А НАПУШТАЊЕ ДО 09:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)
НАЈМНОГУ 4 ЛИЦА ВО СТУДИО / АПАРТМАН, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СЕ ВОЗРАСНИ ИЛИ ДЕЦА

Сместувачки капацитети:
1/4 Студио / Апартман – четирикреветни единици; бр. 1 е во приземје, а бр. 2 и бр. 4 се на првиот кат.
1/3+1 Апартман – трокреветни апартмани со можност за четврто лице; бр. 3 е на првиот кат, а бр. 5 и бр. 6 се на вториот кат.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 7 ноќевања во студио или апартман во вилата „Maria Pontoy“;
  • Користење на клима уредот и wi-fi;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз (со доплата – види ПРЕВОЗ);
  • Меѓународно патничко здравствено осигурување;
  • Туристичка такса – 2 € по соба од ноќ, односно 14 € за 7 ноќевања, се плаќа во агенција;
  • Оброци;
  • Факултативни излети и влезници;
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
НАПОМЕНИ

– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Цените се за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања. Датумот во ценовникот е денот на пристигнување;
– Туристичката такса изнесува 2 € од ноќ по соба и се плаќа во агенција;
– Клима уредот е бесплатен ако се користи само кога гостите се во студиото или апартманот. Во спротивно, сопственикот има право да наплати 5 € од ден или да ја скрати таа услуга;
– Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла (најмногу 4 лица, без разлика дали се возрасни или деца);
– Фотографиите се само дел од понудата и служат за општ впечаток за објектот. Агенцијата не гарантира сместување во точно определена соба од објавените;
– За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите гости;
– Сопственикот на објектот го задржува правото евентуално причинетата штета да ја наплати од гостите што се сместени во моментот;
– Агенцијата го задржува правото дел од слободните (непродадени) капацитети да ги објави на Last Minute понуда. Претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената;
– За уплата на два аранжмани од 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на втората смена. Кога има акциски попуст или кога едната смена е со ѕвездичка (*), на втората смена не се одобрува дополнителен попуст;
– Попустите за рана уплата не важат за смените означени со ѕвездичка (*);
– За рано резервирање се уплатува аванс од 50% од вредноста на аранжманот, а остатокот од 50% се доплаќа до крајот на траењето на попустот;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник, нема да се менува цената на веќе договорените и уплатени резервации;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови за патување на Т.А. „Балкан експрес травел“, кои се наоѓаат на задната страна од договорот за резервација;
– При промена на патници во резервацијата (по барање на патниците) се наплаќаат 15 € за манипулативни трошоци;
– За важечка резервација се смета само уплата од 50% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти, средствата не се враќаат ако патникот се откаже од патувањето. Исклучок (враќање на средствата) се прави само ако патникот сам најде замена за веќе резервираната соба;

ПРЕВОЗ
  • 55 € за возрасни – повратна карта;
  • 45 € за возрасни – карта во еден правец;
  • 45 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
  • Агенцијата организира превоз до место што е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот (минибусот);
  • Секој патник има право на 1 парче багаж;
  • Превозникот го задржува правото да ја промени цената на автобускиот превоз во случај на промена на цената на горивото.

ID067

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:
Download pdf brochure

ФОТОГРАФИИ

Download pdf brochure