Tour overview

Вила „Blue“ е лоцирана во центарот на Неа Плагијаво близина на таверната ,,Hriso Pagoni и на околу 30 м. од плажа. Располага со 1/4+1 дуплекссо две одделни спални соби во едната француски лежај, во другата спална соба два единечни кревети и едно дополнително легло на извлекување ,комплетно опремена кујна, WC, и голема тераса со страничен поглед на море.

Користење на клима уредот е вклучено во цената.

Туристичката такса се плаќа во агенцијата – 4 од ноќ.

Координати на вила „Блу“.

-10% на термини во мај и јуни за резервација и 50% уплата до 28.02.2026

*попустот не важи за промо цени
Цените се за наем на дуплекс

Термини Ноќевања 1/4+1 ДУПЛЕКС
23.05.2026 7 199 промо
30.05.2026 7 310
06.06.2026 7 380
13.06.2026 7 520
20.06.2026 7 600
27.06.2026 7 650
04.07.2026 7 770
11.07.2026 7 840
18.07.2026 7 840
25.07.2026 7 860
01.08.2026 7 860
08.08.2026 7 860
15.08.2026 7 840
22.08.2026 7 720
29.08.2026 7 620
05.09.2026 7 530
12.09.2026 7 450
19.09.2026 7 220

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
За уплата на два последователни термини (еден по друг),одобруваме 7% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

Апартман бр. 1 – На прв кат . Располага со 2 простории. Спална соба со брачен кревет и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната  – опремена со голем фрижидер и шпорет со рерна. И оваа соба има сопствена тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Апартман бр. 2 – На прв кат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен кревет и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната одделена со шанк – опремена со голем фрижидер и шпорет со рерна. И оваа соба има сопствена тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Апартман бр. 3 – На втор кат. Располага со 2 простории. Спална со 2 единечни кревети и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната – опремена со голем фрижидер и шпорет со рерна и тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Студио бр. 4 – На втор кат. Соба со еден дупли кревет и еден единечен кревет во истата просторија е кујната, купатило, балкон, ТВ и клима.

Студио бр. 5  – На втор кат. Соба со еден дупли кревет и еден единечен кревет во истата просторија е  кујната, купатило, балкон (поглед на улица), ТВ и клима .

Дуплекс бр. 6 – Ниско приземје. Располага со 3 простории: дневна соба и две спални соби. Во дневната соба се наоѓа кујна ( опремена со голем фрижидер и шпорет со рерна), два единечни кревети и софа на расклопување, истата излегува во двор кој има поглед на улица. Во едната спална има два единечни кревет и истата излегува во задниот двор додека втората спална соба има брачен кревет, купатило. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Апартман бр. 7 – Ниско приземје. Располага со 2 простории. Дневна соба со два единечни кревети и софа на расклопување и во истата просторија е кујната одделена со шанк ( опремена со голем фрижидер и шпорет со рерна), истата излегува во двор кој има поглед на улица. Спална соба со брачен кревет и излегува во задниот двор, купатило. Климата и ТВ се во дневната просторија.

НАПОМЕНИ
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот;
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот;
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин;
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер го задржуваат правото да не ги примат лицата што не се наведени во ваучерот или за нив да побараат соодветен финансиски надомест;
  • Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата;
  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената;
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за неа од клиентите што се сместени во моментот;
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уредот и интернетот е вклучено во цената;
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда;
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, нивниот недостиг не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција;
  • За овој апартман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. „Балкан експрес травел“.
ПРЕВОЗ

Организиран превоз со придружник-пратител на групата, до место што е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот:

  • 3а возрасни 50 евра/ еден правец 40 евра
  • За деца до 12 години 40 евра/ еден правец 35 евра
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

ID043

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

 

Download pdf brochure