Tour overview

На околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос, веднаш пред апартхотелот „Lazaridis“ се наоѓа вилата „LenaВо вилата располагаме со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје и на прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Сите сместувачки капацитети имаат сопствени купатила и пространи тераси. Опремени се со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Веднаш пред вилата има простор за паркирање на возила.

Координати: 40.380589, 23.933239

РАН БУКИНГ ПОПУСТ и целосна уплата заклучно со 28.02.2026:

– 15% попуст за првиот и последниот термин

– 10% попуст за вториот термин

– 7% за сите останати термини

Вила Lena Нea Рода
Термин: Ноќи: 1/3 студио бр. 2 1/4 апартман бр. 1 1/5 апартман бр. 3
26.05-05.06.2026 10 300 400 450
05.06-15.06.2026 10 400€  500 550
15.06-25.06.2026 10 500 600 650
25.06-05.07.2026 10 600 700 750
05.07-15.07.2026 10 700 830 880
15.07-25.07.2026 10 730 830 880
25.07-04.08.2026 10 730 830 880
04.08-14.08.2026 10 730 830 880
14.08-24.08.2026 10 730 830 880
24.08-03.09.2026 10 650 750 800
03.0910.09.2026 7 450 550 600
10.09-17.09.2026 7 350 450 500
17.09-24.09.2026 7 250 350 400

НАПОМЕНИ: 

– Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио без вклучен превоз

– Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената

– Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин

– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време

– Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари

– Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос-Неа Рода

– Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

– Цена на повратен билет –50 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-40 евра…Цена за билет во еден правец 40 евра; деца од 2-12 години- 35 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.

Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.

ID047

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

 

Download pdf brochure