Tour overview

Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ, во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе-баровите, дискотеките, забавните паркови за деца и другите објекти за забава, е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.

ВИЛА ЕКСКЛУЗИВ – СУТОМОРЕ
Сместувањето е во центарот на градот, на само 250 м од плажа. Вила Ексклузив располага со двокреветни и трокреветни соби, опремени со клима, ТВ, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна, опремена со основен прибор. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
Капацитет: 1/2 и 1/3 соби.

20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.12.2026, СО УПЛАТА ОД 50% ДО 31.12.2026 И ДОПЛАТА ДО 01.03.2027
Термин Ноќевања Цена по лице
14.06 – 23.06.2027 9 325 €
23.06 – 02.07.2027 9 325 €
02.07 – 11.07.2027 9 335 €
11.07 – 20.07.2027 9 335 €
20.07 – 29.07.2027 9 350 €
29.07 – 07.08.2027 9 350 €
07.08 – 16.08.2027 9 350 €
16.08 – 25.08.2027 9 340 €
25.08 – 01.09.2027 7 295 €
01.09 – 08.09.2027 7 275 €
08.09 – 15.09.2027 7 260 €

Цените се по лице, за пакет аранжман: 9 или 7 ноќевања со појадок и вечера, со вклучен превоз.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • Прво дете до 12 години – попуст од 50% од цената на аранжманот;
  • Второ дете до 12 години – гратис (доплата за превоз 45 €), за сместување во 1/3 соба;
  • Второ дете до 12 години – попуст од 50% од цената на аранжманот, за сместување во 1/4 соба;
  • Трето возрасно лице или дете над 12 години – попуст од 20%;
  • Дете до 5 години што не користи кревет – гратис (доплата за превоз 25 €);
  • Доплата за еднокреветна соба – 70%;
  • Попустот за деца важи за сместување со две возрасни лица;
  • Намалување за патување со сопствен превоз – 10 €.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 9 или 7 ноќевања (според терминот) со појадок и вечера во вила Ексклузив;
  • Превоз со автобус или минибус;
  • Користење на клима уредот;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Туристичка такса – се плаќа на лице место;
  • Патничко здравствено осигурување;
  • Избор на седиште: 10 € во правец (освен седиштата 1 и 2);
НАПОМЕНИ
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62 денари).
  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • Сместувањето на првиот ден е по 14 часот, а одјавувањето на последниот ден е во 9 часот.
  • Агенцијата не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија, а не се селектирани по едно студио.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
  • За резервација по редовна цена, 30% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21 ден пред поаѓање.
  • Патникот во секој момент може да се откаже од аранжманот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата објавена во општите услови за патување.
  • Во случај на отказ на аранжман што е со попуст за рана уплата, 50% од сумата е неповратна, а вториот дел од 50% се задржува согласно скалата објавена во општите услови за патување.
ПРЕВОЗ
  • Поаѓање за Црна Гора: Скопје, „Борис Трајковски“ – 05:00 часот.
  • Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона, можни се определени доцнења, за кои однапред се извинуваме.
  • Доколку патникот сака да бира седиште, се доплаќа 10 € во правец (освен седиштата 1 и 2).

ID 051

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:
Download pdf brochure