Tour overview

Евија е најголем остров во Егејското море и втор по големина Грчки остров ( после Крит). Главниот град Халкида се наоѓа на средишниот дел на островот, поврзан е со
копното со мост, одалечен од Атина околу 90км. Островот е со должина од 180км, а ширина од 6 до 45км.
Пефки е едно од најпознатите и омилени места за одмор на северниот дел ос островот. Со своето скоро 4км долго шеталиште и плажа, зеленило и природни сенки, темно сината боја на морето е идеално место за оноие кои сакаат вистински да се одморат. Во Пефки може да купите штотуку уловена риба или морски плодови, квалитетно маслиново масло и маслинки. Вашиот одмор во Пефки збогатете го со некој излет: термалните бањи во Едипсос, Атина, крстарење до Скијатос, Вулканските острови (Lihadonisias)…
Вилите немаат сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина на објектите.
Секоја вила има интернет. Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал  или технички проблеми и пречки кои може да се појават.

ВИЛА КЕРАСИОТИ
Вилата се наоѓа во центарот на Пефки во прва линија на сама плажа. Во приземјето на вилата се наоѓа Пефки травел нашата партнер агенција како и Керасиоти кафетеријата, а собите се на прв спрат. Вилата е комплетно реновирана во 2017 год. И располага со апартмани и студија. Апартманите се за 5 лица со комплетно опремена кујна и посебна спална, клима, тв, тераса, тоалет. Студијата за 4 лица се со поглед кон дворот и се со брачен кревет и два единечни и се опремени со кујна, клима, тв, тераса, тоалет. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

Цените се по лице (7 ноќевања со превоз),
трето и четвтро лице гратис сместување во студио,
трето, четврто и петто лице гратис сместување во апартман!!!

СМЕНА ПЕРИОД 1/3 СТД 1/4 СТД 1/5 АПП – МОРЕ
1 20.05-27.05 65 промо 90 промо 100 промо
2 27.05-03.06 75 промо 100 промо 110 промо
3 03.06-10.06 100 140 150
4 10.06-17.06 120 150 160
5 17.06-24.06 130 160 170
6 24.06-01.07 150 180 190
7 01.07-08.07 160 190 200
8 08.07-15.07 180 200 220
9 15.07-22.07 190 220 240
СМЕНА ПЕРИОД 1/3 СТД 1/4 СТД 1/5 АПП- МОРЕ
10 22.06-29.07 205 240 255
11 29.07-05.08 205 240 255
12 05.08-12.08 205 240 255
13 12.08-19.08 205 240 255
14 19.08-26.08 190 230 240
15 26.08-02.09 180 210 230
16 02.09-09.09 160 190 210
17 09.09-16.09 150 170 180
18 16.09-23.09 110 130 150

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

НАПОМЕНИ:
  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
  • сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот.
  • при промена на цените ( зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
  • за резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21 ден пред поаѓање.
  • патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • во случај на отказ на резервација уплатена со ковид ваучер, на патникот ќе му се издаде нов ваучер со намалени отказни пенали..
  • *Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.
    *Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.
    *Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

  • – За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,
ПРЕВОЗ:

* За патување со сопствен превоз од цената се намалува 20 евра по лице.
Доплата за превоз и траект (за оние кои имаат гратис сместување)
65 евра за возрасни
45 евра за деца до 12 години
-Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.

-Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
-Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
-Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
*Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2).

ID 051

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure