Tour overview

Вила Нина се наоѓа на островот Крф на 300м оддалеченост од AB МАRKET и излегува на средина од улицата во Ипсос. Вилата располага со студиа за 2, 3 и еден апартман за 4 лица. Сите соби се опремени со мини кујна, фижидер, WC и клима уред (се доплаќа 5 евра од ден). Вилата располага со преубав двор и паркинг места до 4 возила. Сите студиа се распоредени на ниско приземје, прв и втор кат. Во објектот нема лифт.

Koрдинати: 39.705173, 19.838666

ТЕРМИНИ:    РЕДОВНА
ПРОМО ЦЕНА
28.05 – 04.06.2022 109 евра 69 евра
04.06 – 11.06.2022 118 евра 79 евра
11.06 – 18.06.2022 126 евра 100 евра
18.06 – 25.06.2022 135 евра 108 евра
25.06 – 02.07.2022 143 евра 114 евра
02.07 – 09.07.2022 152 евра 121 евра
09.07 – 16.07.2022 189 евра 151 евра
16.07 – 23.07.2022 199 евра 159 евра
23.07 – 30.07.2022 199 евра 159 евра
30.07 – 06.08.2022 199 евра 159 евра
06.08 – 13.08.2022 199 евра 159 евра
13.08 – 20.08.2022 199 евра 159 евра
20.08 – 27.08.2022 177 евра 141 евра
27.08– 03.09.2022 152 евра 121 евра
03.09 – 10.09.2022 126 евра 100 евра
10.09- 17.09.2022 110 евра 94 евра
17.09 – 24.09.2022 109 евра 79 евра
24.09 – 01.10.2022 101 евра 69 евра

 

НАПОМЕНА:
  • Промо цените се исклучиво со целосна уплата
  • Промо цените важат до 30.04.2022
  • Доколку уплатите по Промо цена цена, за споен термин или превоз не се одбива ништо на вториот термин.
  • Во случај за уплата на сингл соба по Промо цена цена, се сметат две цели суми од Промо цената
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
  • Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени. Полињата кои се со зелено значат колку студиа се вкупно слободни. При резервација задожително контактирајте на 071/227-847 или 071/227-837 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
    CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
    CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите, а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Двокреветни,трокреветни студиа (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје.
  • 7 ноќевања 8 дена во вила Нина или вила Атанасиус.
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  •  Факултативни илзети
  •  Патничко осигурување
  • Туристичка такса (3.5 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
  • Повратна карта за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Најдоле од понудата каде пишува ВАЖНО има повеќе информации во врска со промо цените.

Попусти за деца:

    • Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
    • Дете од 4 до 11,99 години кое користи сопствен лежај има 50% попуст од редовната цена(се однесува само на еден кревет во студиото) само во случај на двајца возрасни и дете од 4 до 11.99. Во случај на возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
    • Дете од 4 до 11,99 години кое го дели креветот со возрасен го плаќа само превозот 55 евра
    • Две деца од 2 до 12 години кои делат кревет имаат попуст од 50%
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)

Цената на излетот ќе биде објавена пред почеток на сезона

Целодневен излет со автобус. Групата ги посетува најпопуларните туристички дестинации во Палеокастрица и Сидари: плажата Палеокастрица со манастирот Богородица, се оди до највисоката достапна точка каде се гледа цела Палеокастрица, буквално најубавиот поглед на цел остров, Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво.

 

Посета на плажата Глифада

Цената на излетот ќе биде објавена пред почеток на сезона

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

 

Kрстарење со брод

Цената на излетот ќе биде објавена пред почеток на сезона

Целодневно крстарење со вклучен ручек. Групата се чека на пристаништето во Ипсос. Крстарење по североисточниот дел на островот. Попатни застанувања за капење на прекрасна дива плажа, каде и се прави пауза за ручек сервирана од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Застанување на плажи кои се достапни само со брод. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

 

Крстарење до Паксос и Антипаксос

Цената на излетот ќе биде објавена пред почеток на сезона

Овој летен рај се наоѓа на речиси ненаселеното островче Антипаксос, а две плажи посебно се издвојуваат со својата убавина и кристално чиста вода. Паксос е остров кој се наоѓа на 14 км јужно од Крф и 20 км западно од Парга. Паксос зафаќа површина од 19 квадратни километри и е еден кластер на острови во Јонското море. Овој прекрасен остров нема аеродром и до него може да се пристигне само со фериброд и поради тоа е во состојба да се заштити од напорот на модерниот туризам. Паксос е остров со бескрајни маслинови градини а на Антипаксос се насади од винова лоза.

Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода. Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини. Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва. Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. По Сините Пештери, се продолжува кон малиот остров Антипаксос. Прекрасна можност за пливање, уживање во песочните плажи на Антипаксос  и релаксирање под топлото сонце.

 

Аква Парк

Цената на излетот ќе биде објавена пред почеток на сезона

Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.

 

ЗА НАШИТЕ ПАТНИЦИ ШТО НЕ СЕ ОД СКОПЈЕ:

Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје. Нема никаков проблем околу тоа. Како што работевме досега, така продолжуваме и понатаму. Со патниците коишто не живеат или не се наоѓаат во Скопје ние комуницираме преку фејсбук месенџерот, вајбер или инстаграм. Вашите пасоши коишто ни се потребни за склучување на договорот ни ги праќате во директна порака на фејзбук со еден клик ОВДЕ, а ние во истата порака ви го испраќаме потпишан и скениран договорот и ваучерот. Што се однесува до упатата? Истата можете да ја извршите во најблиската пошта или банка на следнава жиро сметка: (ЕВРОТО СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО 62 ДЕНАРИ).

НАЈДОБРОНАМЕРЕН СОВЕТ:

НАПОМЕНА: Не чекајте го послединот ден за да го искористите попустот за рана резервација бидејќи истиот може да се прекине и порано поради распродажба на капацитетите и тоа токму за периодот кој што Вас Ве интересира.

ID 019 

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure