Tour overview
Сараево— главен град на Босна и Херцеговина и нејзин најголем урбан, културен, економски и транспортен центар. Градот Сараево се состои од четири општини: Центар, Нови Град, Ново Сараево и Стари Град.
Поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.
Низ градот тече реката Миљацка, а во близина на градот се наоѓаат и изворите на реката Босна, каде се наоѓа популарното излетничко место Вруток на Босна ( Врело Босне). Градот е опкружен од Требевиќ, Јахорина, Бјелашница, Игман, Трескавица и Романија.
ТЕРМИН: 29/04/2022 – 02/05/2022 |
ПРВ ДЕН Скопје – Сараево (29.04.2022)
Поаѓање за Сараево во 22:00 часот преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.
ВТОР ДЕН Сараево – ( 30.04.2022 )
Во утринските часови пристигнување во Сараево и разгледување на градот со локален водич : Народниот театар, Градското Собрание, Башчаршија (со можност за дегустација на познатиот Сараевски кебап), Којунџилук, Еврејскиот Храм Величенстевната Газихусербегова Џамија, Катедралата… Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање.
TРЕТ ДЕН Сараево – Мостар – Сараево ( 01.05.2022 )
Појадок. Организиран излет до Мостар со попатна посета на Мостот на Неретва – познат од Втората Светска војна од Битката на Неретва и Стариот мост на Неретва во Мостар – симбол на градот. Во попладневните часови враќање во Сараево. Вечера. Ноќевање.
ЧЕТВРТ ДЕН- Сараево-– Вишеград – Мокра Гора -Скопје (02.05.2022)
Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” – повторно дело на Емир Костурица – како би требало да изгледа средновековен Вишеград. Потоа продолжување за Мокра Гора – каде што се наоѓа Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица, како единствената туристичка – музејска железница “Шарганска Осмица”. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија после полноќ.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 5.800 ден |
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: |
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: |
НАПОМЕНА: |
- Напомена: За патување во Босна и Херцеговина, потребни ви се лична карта или пасош ID021
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |