Tour overview

Рим – безвременскиот град, градот до кој водат сите патишта. Вечниот град и воедно единствениот кој бил престолнина уште од своето основање. Рим претставува ретка колосална престолнина, која има зачудувачка мешавина од античко и модерно. Рим претставува жив споменик на неверојатната империја која неуморно се градела,и ако некогаш постоела видлива книга со приказни за неверојатната моќ и доминација,тоа е неговото величество – грандиозниот Рим.

Историјата на градот ја создавале императори,папи и цареви,а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници. Рим ќе ве маѓепса со величенствените антички монументи, раскошни дворци, триумфални порти, колоритни плоштади, ренесансни фонтани, романтични фасади…

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
ПРВ ДЕН 05.12.2023 (вторник) СКОПЈЕ – РИМ

Состанок на групата на интернационален аеродром Скопје. Лет од Скопје за Рим со WIZZAIR во 12:45 часот.Слетување во Рим на Фиумичино во 14:30 часот. Oрганизиран панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Разглед на Катедралата Св.Џовани Латерано, црквата на Пресвета Богородица, Плоштад Де ла Република, Виа Национале, Пјаца Навона, Пјаца Барберини, Пјаца дел Пополо, Виа Венето, Замок Свети Ангело, Вила Боргезе, плоштад Венеција, Римскиот Форум, Колосеумот, Шпанските скали (најпознатата улица на светските модни креатори каде засенуваат со своите модели), Фонтана ди Треви (најпознатата фонтана на желбите), Пантеонот (монументалниот храм во Рим), прошетка по најпознатата улица Виа дел Корсо… Сместување во хотел. Слободно време за индивиуални прошетки и активности. Ноќевање.

ВТОР ДЕН 06.12.2023 (среда) РИМ  – ТИВОЛИ

Појадок. После појадокот предлагаме факултативна посета до Тиволи (со локален водич). Посета на неверојатната градина со стотици фонтани – познатата Вила Д’Есте (градена во импозантен барок стил) која воедно претставува една од најубавите градини во светот. Летниковецот од оваа вила е користен уште од антички период. Вилата е под заштита на светското културно наследство УНЕСКО. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 07.12.2023 (четврток) РИМ – ВАТИКАН

Појадок. Факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на римокатоличките катедрали: Санта Марија Маџоре, Сан Џовани Латерано, црква Сан Пјетро ин Винколи… Прошетка до Колосеумот и црквата Сан Клементе со посета на капелата и гробот на Св.Кирил. По завршувањето на разгледот можност за индивидуална прошетка по познатата Виа дел Корзо или Виа Национале (главни шопинг улици). Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 08.12.2023 (петок) РИМОКАТОЛИЧКИ КАТЕДРАЛИ 

Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Слободно време за прошетка низ боемскиот кварт на Рим, Трастевере и можност за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН 09.12.2023 (сабота) РИМ- СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер од хотел до аеродром Фиумичино во 12:00 часот. Полетување за Македонија во 15:05 часот. Пристигнување во Скопје во 16:50 часот.

 

ПРОМО ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 08.11.2023 СО ВКЛУЧЕН ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА РИМ: 469
РЕДОВНА ЦЕНА: 539 €
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • aвионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје;
  • аеродромски такси
  • рачен багаж максимум 8 кг со димензии (40 x 30 x 20 cm)
  • сместување во хотел 3* во Рим на база 4 ноќевања со појадок;
  • разглед на Рим со знаменитостите наведени во програмата со локален водич;
  • трансфер аеродром – хотел – аеродром;
  • организација и придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • туристичка такса 6 евра од ноќ по лице;
  • голема кабинска торба до 10кг;  Пријавен багаж до 20кг; Пријавен багаж до 32кг, 
  • влез и разглед на Ватикан со локален водич – 60 евра;
  • превоз,влез и разглед на Тиволи со локален водич – 70 евра;
  • факултативна посета на Римокатоличките катедрали – 20 евра;
  • влезница за црква Св.Климент и гробот на Св.Кирил – 10 евра;
  • резервација за влез во црква Санта Марија Маџоре – 3 евра;
  • метро карти;
  • сите други влезници за локалитетите и други неспоменати услуги;
  • патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
  • При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.

                                  ID 011

    ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
    РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
  •