99€
  • 1-ви МАЈ
  • Опис
  • Локација

Tour overview

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
ПРВ ДЕН 21.10.2022 (петок) СКОПЈЕ -БУДИМПЕШТА

Состанок со групата на Дрводекор во 18.00 часот, поаѓање во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН 22.10.2022 (сабота) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта се упатуваме на крстарење со брод на Дунав. Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 23.10.2022 (недела) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена – булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун кој се наоѓа западно од Внатрешниот град (Innenstadt – името на првата виенска област), во областа Хитцинг. Се до 1642 година, го носел името Катербург и бил во сопственост на виенскиот градоначалник, додека пак после овој период во него се сместила царицата Елеонора, која тука се населила после смртта на нејзиниот сопруг. Денешното име, дворецот се поврзува со царот Матијаш, кој за време на својот лов, на ова место забележал голем број на извори. Влезницата во дворецот не е вклучена во цената. По разгледот, следува слободно време за индивидуални прошетки.лот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН 24.10.2022 (понеделник) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот, организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки. Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 25.10.2022.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 99€ за упата до 01.10.2022 г.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109€
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будимпешта.
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река), Штип, Велес и Куманово.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Разглед на Будимпешта со локален водич -10 евра.
  • Посета на Виена – 30 евра.
  • Крстарење со брод по реката Дунав – 20 евра.
  • Посета на Сент Андреа – 10 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА).
  • Влезница во дворецот Шенбурн.
  • Патничко осигурување. 
    СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ – со сите вклучени факултативи (разглед на Будимпешта,посета на Виена, посета на Сент Андреа и крстарење со брод) – 60 евра по лице.
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Балкан Експрес Травел – Скопје.                                          ID039
      ID039
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
  •