Tour overview

„Ќе биде тоа град од фантазијата на читателите на Андриќ, кои, читајќи ги неговите дела, си создаваат слики за градот кој нема ништо заедничко со оној кој си го замислуваат“… ќе рече познатиот режисер Емир Кустурица градејќи го Андриќград исклучиво од камен купен од селаните од Херцеговина.

„Идните посетители на Андриќград, од влезната капија па се до црквата на главниот плоштад ќе поминуваат низ вековите кои провејале низ овие Дрински краишта. Во Андриќград ќе има шест плоштади, а на еден од нив ќе биде изграден хотел“.

Токму низ таа капија ќе влеземе и во тој хотел ќе ноќеваме… Во срцето на Андриќград, на главната улица која е наречена корзо и која практично спојува два периода: фрагменти од ренесансата со Отоманскиот период и Византија.

ПРВ ДЕН 08,10,2021 (петок) СКОПЈЕ 

20:30 часот заминување на групата од Скопје кон Босна и Херцеговина со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

ВТОР ДЕН 09.10.2021 (сабота) ВИШЕГРАД – АНДРИЌГРАД

Пристигнување во Вишеград во утринските часови. Сместување на групата во туристичкиот комплекс  „Андриќград” лоциран на самиот плоштад во камениот град изграден од познатиот филмски режисер Емир Костурица. Слободно време за одмор од патувањето. Потоа организиран разглед со локален туристички водич на Вишеград, градот сместен меѓу реките Дрина и Р`зава во Република Српска – Босна и Херцеговина, инспириран од делата и ликовите на нобеловецот Иво Андриќ. Тој е всушност визија како Вишеград можел да изгледа да не го заобиколиле ренесансата и другите историски периоди. Разглед на мостот Мехмед Паша Соколович, спомениците на Иво Андрич и на Мехмед Паша Соколович, како и целиот комплекс на Андриќград. Потоа се упатуваме кон бродот Лотика со кој испловуваме на реката Дрина и се движиме кон местото Стари Брод во Вишеград каде е подигнат Спомен комплекс во знак на сеќавање на страшното злосторство од Втората Светска Војна кога на ова место се убиени повеќе од 6000 Срби. Токму тука во 1942 година во големата усташка офанзива биле пресретнати протераните српски цивили кои на најбрутален начин биле мачени, убивани и фрлени во реката Дрина. За ова злосторство се молчело повеќе од половина век, за конечно во 2008-ма година да биде поставено Спомен обележје на настраданите, а во 2019-та година е изграден и осветен Спомен Музеј. Еден од специфичните детали во музејот е стаклената конзола направена над Дрина која симболично го претставува патот на страдањето, а секој чекор над водата ги прикажува илјадниците загинати. Во доцните попладневни часови враќање назад кон Вишеград. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

ТРЕТИ ДЕН 10.10.2021 (недела) ВИШЕГРАД – САРЕВО

Појадок. Заминување на групата кон Сараево, градот во кој се сретнуваат истокот и западот, местото каде се судруваат две култури и две традиции. На него подеднакво влијание имале двете некогашни светски сили-Отоманското Царство и Австроунгарија, и што е уште поважно, неговите жители го прифатиле и го превзеле најдоброто од тие два света. Разгледот на градот со локален туристички водич го започнуваме од Градското Собрание и Инат куќата, а потоа продолжуваме кон улиците Браваџилук и Казанџилук за да ги слушнеме приказните за ќебапите, бурекот и босанското кафе. По посетата на Башчаршијата која е најголемата туристичка атракција на Сараево се упатуваме кон Морич Хан – единствениот сочуван караван сарај, па потоа до Хусреф-беговата џамија и местото каде Гаврило Принцип го извршил атентатот на престолонаследникот на Австроунгарија Франц Фердинант, што се смета за повод за почетокот на Првата Светска Војна. Организираниот разглед на Сараево завршува со посетата на Катедралата на пресветиот Исус и Православната Црква посветена на Пресвета Богородица. Слободно време за индивидуални прошетки и за шопингување во малите дуќанчиња богати со сувенири и ракотворби. Во доцните попладневни часови се враќаме назад во Вишеград. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 11,10,2021 (петок) ВИШЕГРАД -ДРВЕН ГРАД – МОКРАГОРА – СКОПЈЕ 

Појадок. Се одјавуваме од туристичкиот комплекс во Андричград и се упатуваме кон Дрвенград – етно селото на Меќавник изградено од познатиот филмски режисер Емир Кустурица за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“. Селото има галерија на слики, библиотека, кино, слаткарница со домашни колачи и природни сокови што носат имиња на познати личности… Слободно време за индивидуални прошетки. Потоа се упатуваме кон  Мокра Гора од каде започнува нашето возбудливо патување со популарниот воз Ќира. Оваа пруга во минатото била врската на Европа со Јадранско Море, а денес на релација од Мокра Гора до станицата Шарган Витаси сообраќа Шарганската Осмица. За време на патувањето, патниците имаат можност да уживаат во импресивните предели на планините Златибор и Тара, а од видиковците од каде попатно се застанува се гледа целата природна убавина. Во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ   139  €
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
  • Превоз со туристички автобус.
  • Две ноќевања со појадок во туристичкиот комплекс  „Андриќград” во Андриќград-Вишеград.
  • Организиран разглед на Андриќград и Вишеград со локален туристички водич.
  • Пловидба со брод по реката Дрина и посета на Спомен комплексот Стари Брод со локален туристички водич.
  • Организирана посета и разглед на Сараево со локален туристички водич.
  • Организирана посета на етно селото Меѓавник на Дрвенград со вклучена влезница.
  • Билет за возење со популарниот воз Ќира на Мокра Гора.
  • Туристичка такса.
  • Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Доплата за еднокреветна соба – 10 евра од ден.
  • Патничко осигурување.
НАПОМЕНА:
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници.                                          ID 047
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure