109€
  • 24-ти Мај
  • Опис
  • Фотографии

Tour overview

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
ПРВ ДЕН 20.05.2022 (петок)  СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 11:30ч. Поаѓање на автобусот во 12:00ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

ВТОР ДЕН 21.05.2022 (сабота)  ПРАГА

Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник – Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки.   Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 22.05.2022 (недела) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.  Слободно време.  Предлагаме  посета  на  Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба… ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен, стомачните танчерки… Ноќевање. 

ЧЕТВРТИ ДЕН 23.05.2022 (понеделник)  ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан…. Слободно време во Виена. Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

ПЕТИ ДЕН 24.05.2022 (вторник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во  пладневните часови.

ПРОМО ЦЕНА до 30.04.2022: 109€ 
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129€
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага – Скопје.
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага.
  • Посета и разглед  на Виена.
  • Организација и водство на програмата.
  • Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Задолжително патничко здравствено осигурување 175 мкд.
  •  Разглед на Прага со локален водич  (15€).
  •  Факултативен излет Карлови Вари (30€).
  •  Крстарење со брод по В лтава  (20€).
  •  Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма  (40€).
  •  Туристичка такса 2 евро по лице на ден.
  •  Влезници за музеи и локалитети.
  •  Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден.
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според редослед и датум на уплата.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Балкан Експрес Травел.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.

                                      ID 002

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
  •