Tour overview

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
ПРВ ДЕН: 08.12.2021 – СКОПЈЕ – ПАДОВА

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.

ВТОР ДЕН: 09.12.2021 – ПАДОВА – ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во претпладневните часови во Падова, град кој има одлично сочувано градско јадро со бројни цркви и палати кои денес се под заштита на УНЕСКО. Сликовит град со мрежа на густо поврзани улици со аркади кои се спојуваат со градските плоштади како Prato della Valle, Piazza della Erbe, Piazza della Frutta… Во слободно време може да ја посетите Базиликата на Св.Антон Падовски во која се сместени неговите мошти. Сместување во хотел (доколку има услови за Early Check In), време за кратко освежување од патувањето и заминуваме на разглед на градот Венеција. Во договорено време со пратителот се упатуваме кон терминалот Фусина, од каде се качуваме на брод Вапорето и пловиме до Венеција. Пристигнување на портот на Венеција и заминување на пешачки разглед со локален водич кој трае околу еден час до час и половина. Ќе имате можност одблизу да ги видите:

  • Мостот на Воздишките
  • Дуждевата Палата (Влез со доплата)
  • Црквата Св. Марко (Влез со доплата)
  • Плоштадот
  • Мостот Риалто
  • Каналот Гранде

Кога ќе пристигнеме до каналот Гранде кај мостот Риалто, разгледот завршува. По разгледот оставаме слободно време од 4 до 5 часа за индивидуални прошетки и разгледи, ручек, релаксација и уживање во прекрасната Венеција. Препорачуваме топла облека, бидејќи се патува во зимски период и  времето на враќање е вечерно. Во точно прецизирано време и место се сретнуваме со пратителот и повторно со брод се упатуваме кон Падова. Враќање во Падова и сместување во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 10.12.2021 – ПАДОВА – ФИРЕНЦА

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца:

– Црквата Санта Кроче,

– Плоштадот Сињори,

–  Палацо и Понте Векио,

–  Дуомото Санта Марија дел Фјоре

–  Крстилницата Сан Џовани…

По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во попладневните часови враќање во Падова. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН: 11.12.2021 – ПАДОВА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон ВЕРОНА. Пристигнување во Верона и прошетката во градот на Ромео и Јулија, ја правиме релаксирано со придужникот на групата со посочување на местата од интерес: го минуваме мостот и влегуваме покрај Ѕидините на градот до Арената, плоштадот Бра, Виа Мацини и плоштадот Ербе, се до куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Дневно и ноќно возење преку  Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

ПЕТТИ ДЕН: 12.12.2021 – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањата на граница. 

ПРОМО ЦЕНА до 25.11.2021: 119€ / 7378 МКД
(Цената важи со пријава за факултативи)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179€ / 11098 МКД
Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;  

– Сместување во хотел 3* или 4* во Падова или околината на Падова на база 2 ноќевања со појадок;

– Организирана посета на Верона, прошетка до Арената, Виа Мацини, плоштадот Ербе до куќата Јулија;

– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

– Трансфер од Битола, Прилеп, Неготино, Кавадарци, Велес.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

– Задолжително патничко и здравствено осигурување;

– Превоз со брод вапорето до Венеција – 20€ (мин. 30 пријавени);

– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 45€ (мин. 30 пријавени);

– Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (1-2€ по лице од ноќ);

– Влезници по културно – историските знаменитости.

ПОПУСТИ И ОПЦИОНАЛНИ ДОПЛАТИ:

–  Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден, 

– Попуст за 3то лице на дополнителен кревет -10% (на барање), 

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 10€/620мкд (мин. 2 седишта),

– Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.

НАПОМЕНИ:
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
  • За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
    НОВИ МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ ВО ИТАЛИЈА ОД МАКЕДОНИЈА со важност до 25.10.2021
  • Патникот треба да поседува валиден сертификат добиен од здравстевните власти по втората вакцинација со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (Pfizer-BioNtec, Moderna, AstraZeneca или Johnson & Johnson).
  • Патникот исто така треба да поседува негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.
  • Патниците треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (digital Passenger Locator Form, dPLF) на веб страницата https://app.euplf.eu/#/ и истиот треба да го имаат со себе, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
  • Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ.                                                     025
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
  •