Tour overview

НОВИ САД е вториот по големина град во Србија по Белград. Според најновиот попис од 2011 година, градот има урбано население од 277.522 жители, додека населението на општината е 341.625. Градот се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка гора. Уште од формирањето во 1694, Нови Сад е центар на српската култура и го добил името Српска Атина. Денес Нови Сад е голем индустриски и финансиски центар на српската економија, а исто така е еден од најголемите градежни локации во регионот. 

Петроварадинската тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Нови Сад, Србија, во населбата Петроварадин на десниот тек од реката Дунав. Денешната тврдина била изградена од страна на Австрија која владеела од 1692 до 1780 година, на местото на поранешна тврдина која била изградена во антчко време. Австријците оваа тврдина ја изградиле поради блискоста на границата со Османлиската империја. Оваа место се нарекува и Гибралтар на Дунав.

Најголемиот и главниот град на Србија – БЕЛГРАД, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.

Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
ПРВ ДЕН:  09.10.2021 (сабота) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД – НОВИ САД

1 ден (09.10 – сабота) Состанок на групата во 04:30 часот на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, тргнување за Белград во 05:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледyвање на градот: хотел Москва, улицата Кнез Михајлова, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, тврдината Калемегдан ,можност за посета на шопинг mall, Слободно време за кафе, ручек или индивидуален избор. Во договорено време тргнување за Нови Сад. По пристигнување во Нови Сад, се упатуваме на мал разгледа на градот со посета на некој од главните обележја на самиот град. Слободно време Сместување во Хотел во Нови Сад. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 10.10.2021 (недела) НОВИ САД

2 ден (11.10 – недела) Појадок. По појадокот се упатуваме кон центарот на градот и разглед на градот: Плоштадот Слобода на кој се наоѓа катедралната црква Имена Маријаниног, улицата Змај Јовина каде што се наоѓаат многубројните бутици и ресторани, Владичански двор – најзначајното архитектонско дело во Нови Сад, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Дунавскиот мост и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Слободно време. Во договорено време упатуваме на ручек во традиционален ресторан – Салаш, во центарот на градот.Слободно време. Враќање во Хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 11.10.2021 (понеделник) НОВИ САД – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите во 10:00 часот. Поаѓање кон Македонија, со попатна посета на шопинг центар Слободно време. Поаѓање за Скопје. Патување со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 02.10: 99 евра
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  109 € 
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • Превоз на наведената релација.
  • 2 ноќевање со појадок во хотел во Нови Сад.
  • Разглед на Белград.
  • Разглед на Нови Сад.
  • Посета на „шопинг центар“.
  • Организација на аранжманот со лиценциран придружник – пратител на групата.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Туристичка такса (1 еврo) – 62 денари по лице по ноќевање (задолжително во агенција).
  • Патничко-здравствено осигурување.
  • Традиционален ручек на Салаш.
НАПОМЕНА:
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 15 патници.
  •  Плаќањето се врши во агенција во денарска противредност по курс 1 евро = 62 мкд * Резервација на аранжманот исклучиво со уплата од минимум 30% од износот, останатиот износ се доплаќа најдоцна до 10 дена пред поаѓање.
  •  Т.А. Балкан Експрес Травел го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не покасно од 7 дена пред поаѓање.
  •  Може да се патува и со лична карта.

ID 036

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure