Tour overview

Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Копаоник во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

ПРВ ДЕН 08.12.2021  СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот.  Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН 09.12.2021  ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Во 10.00 часот заминување на прошетка до поширокиот центар на Луковска Бањa, можност за посета на црквата Св.Мина со автобуски превоз и локален водич. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот.

ТРЕТ ДЕН 07.12.2021  ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки. Време за релаксирање во СПА центар или индивидуални прошетки по т.н. патеки на здравјето. Ручек. Слободно попладне за користење на содржините од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 08.12.2021  ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот за резервации до 25.11.2021 – 149€ (9238 МКД)

Редовна цена на аранжманот – 159€ (9858 МКД)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во двокреветни и трокреветни соби во Хотел Јелак 3* на база 3 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса);
  • Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера – класично послужување);
  • Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C ;
  • Користење на Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи);
  • Користење на сала за забава и рекреација;
  • Организиран пешачки и автобуски разглед на Луковска Бања со локален водич;
  • Туристичка такса;
  • Организација и реализација со туристички придружник.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).
УСЛОВИ ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ:
  • Дете 2-4,99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€/1.550ден (на барање)
  • Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на возрасен, 80€/ 4.960ден (на барање)
  • Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума 159€/9.858ден
  • Доплата за еднокреветна соба 45€/2.790ден (на барање)
  • Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
  • Доплата за дополнително седиште во автобус -35€/2.170ден
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.
НАПОМЕНИ :
  • За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За ова патување, во однос на враќањето за влез во Македонија, потребно е да имате сертификат за вакцинација од вирусот SARS-Cov-2 односно примени најмалку 2 дози, сертификат за прележан КОВИД во последните 45 ден сметајќи од денот на оздравување или негативен PCR тест не постар од 72 часа (овие сертификати не се потребни за лица под 18 год). 
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите безбедносни протоколи за заштита од КОВИД, задолжителна дезинфекција при влез во автобус.  
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува а уплатениот износ нема да биде рефундиран.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
  • За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 35 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ.                      025
ВИ ПОСАКУВАМЕ  ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure