Tour overview

10% ПОПУСТ на сите термини со 50% уплата за резервација на аранжманот и целосна доплата заклучно со 21.06.2025

Сивири е место кое се наоѓа на западниот прег на фамозната Касандра! Сместено помеѓу густата борова шума од едната страна и тиркизно синото море од другата страна, Сивири нема да ве остави рамнодушни во ниеден случај. Ситно песочната плажа му е фантастична за незаборавен семеен одмор, а плиткиот влез во Егејското море им овозмужува на најмалите по цел ден да се на плажа без никакви грижи! Да не го заборавиме најдобрата страна на ова магично место, во топлите летни денови сонцето заоѓа околу 21:00!

Вила Христос е со едната нога во песок, во средината на самото шеталиште во Сивири! Сите нејзини соби се целосно опремени како што пишува подолу, а сега ќе ви кажеме дека сите тераси се странично позиционирани кон море и можете секојдневно да го уживате зајдисонцето во удобноста на вашиот апартман/студио. Располага со двокреветни, трокреветни студија и четрикреветни апартамни, што значи дека можат да одговарат на сите структури!

Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, WI-FI и клима уреди – сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што ќе Ви го прави престојот во Сивири не само удобен, туку и безгрижен.

Координати на Вилата;

Цените во табелата се однесуваат за наем на 7 ноќевања без превоз
Термин Ноќевање 1/2 Студио 1/3 Студио 1/4 Апартман
24.05.2025 7 139 169 199
31.05.2025 7 169 209 259
07.06.2025 7 229 279 339
14.06.2025 7 289 309 399
21.06.2025 7 339 379 429
28.06.2025 7 369 439 459
05.07.2025 7 399 479 499
12.07.2025 7 399 499 599
19.07.2025 7 399 499 599
26.07.2025 7 399 499 599
02.08.2025 7 399 499 599
09.08.2025 7 399 449 599
16.08.2025 7 399 449 599
23.08.2025 7 379 469 559
30.08.2025 7 359 399 469
06.09.2025 7 279 319 379
13.09.2025 7 209 259 289
20.09.2025 7 169 199 229
НАПОМЕНИ
  • Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);
  • Туристичка такса 2€ се плаќа во агенција;
  • Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;
  • Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;
  • Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 21 дена пред започнување на аранжманот;
ПОПУСТИ
  • За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
  • Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
  • Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;
ПРЕВОЗ

Цената за превоз изнесува 45 € возрасни (повратен билет), 35 € возрасни (eден правец), 35 € деца од 2 – 12 години, БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

    • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, на најблиското место каде што може да застане автобусот;
    • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
    • Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
    • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

ID044

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure

ФОТОГРАФИИ

Download pdf brochure