Tour overview

Времето во мај е идеално за отворање на летната сезона и користење на придобивките на морето. А каде ако не на островот Крф? За 24-ти мај Ве водиме токму тука

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
ПРВ ДЕН 21.05,2022 (сабота)

Поаѓање во вечерните часови на 20.05 преку граничен премин Битола – Меџитлија. Ноќно возење до Игуменица каде во утринските часови на 21.05 се качуваме на траект се до пристигнувањето на пристаништето на островот Крф. Потоа се упатуваме кон Ипсос, кој е оддалечен 15 минути од пристаништето. Сместување во вилите и слободно време за одмор или плажа се до попладневните часови кога групата се упатува кон истражување и прошетка во градот Крф. Градот Крф е еден од најпознатите градови на јонските острови, познат по светецот Свети Спиридон, прекрасниот и единствен стар дел на градот кој потсетува по својот изглед и архитектура на Венеција, Париз, Дубровник, како и Старата тврдина која гордо се изгигнува над градот. Прошетка низ најзначајните делови од Крф со водич и потоа следува слободно време. ЦЕНАТА НА ИЗЛЕТОТ Е 10 евра по лице. Враќање во Ипсос во договорено време и можност за продолжување во некој од баровите во Ипсос. Ноќевање.

ВТОР ДЕН 22.05.2022 (недела)

Вториот ден е резервиран за посета на најпознатото турстичко место на островот, Палеокастрица, надалеку познато по тиркизната боја на морето. Слободно време за капење, со можност за посета на црквата Света Богородица или познатиот аквариум. Потоа се упатуваме кон највисоката точка на тој дел од островот намески наречен Бела Виста, каде панорамскиот поглед ќе ви го одземе здивот. Можност за ручек или закуска со традиционалните грчки слатки подготвени од вештите раце на готвачите. Враќање во Ипсос во попладневните часови. ЦЕНАТА НА ИЗЛЕТОТ Е 15 евра по лице.

ТРЕТИ ДЕН 23.05.2022 (понеделник)

Третиот ден ни е планирано посета на најпознатата песочна плажа Глифада, која е позната по своите неверојатни златни песоци и долга обала. Ден резервиран за комплетно уживање и впивање на сончевите зраци. Враќање во Ипсос во попладневните часови. ЦЕНАТА НА ИЗЛЕТОТ Е 15 евра по лице.Вечерта повторно можност за посета на некој од баровите во Ипсос.

ЧЕТВРТИ ДЕН 24.05.2022 (вторник)

Напуштање на апартманите во 09часот наутро. Слободно време за плажа се до моментот на поаѓање за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 89€
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109€
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
  • 3 ноќевања во приватни вили на местото Ипсос.
  • Aвтобуски превоз со високотуристички автобус.
  • Повратна траект карта.
  • 0рганизација и водство на аранжманот.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Задолжително патничко осигурување 250 денари по лице.
  • Задолжителна доплата за туристичка такса 0,50 центи по соба од ден.
  • Факуллтативните посети и екскурзии во наша организација:
    – Град Крф – 10евра
    – Плажата Глифада – 15 евра
    – Палеокастрица со погледот Бела Виста – 15 евра
  • ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:Доплата за 1/1 соба 50% од цената на аранжманотПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

    Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен.

    Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот,

    Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот.

НАПОМЕНИ:
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

    Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

    Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.

    Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.

    Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.

  • ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

    Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

    Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

    Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

    Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.

    За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.

    Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.

    Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.

    Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

    Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.

    Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.

    Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности).

  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

    Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

    Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Балкан Експрес Травел – Скопје.

  ID 030

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
  •