Tour overview

Вилата Maria Pashalidou е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата. Во вилата располагаме со трoкреветни  апартмани на прв и на втор спрат и еден петкреветен дуплекс апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

КАПАЦИТЕТ: 1/3 АПП, 1/5 ДУПЛЕКС АПП, на само 20м од плажата.

Живописното приморско место Неа Рода  е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено… Скриена во преубавиот залив Akanthiosво непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата VoulitsaАтрактивната песочна плажа  ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

ВИЛА MARIA PASHALIDOU – НEA РОДА
 Термин  Ноќевања  1/3 апартман  1/5 апп дуплекс 
26.05-05.06.2021 10 260 € 320 €
05.06-15.06.2021 10 320 € 380 €
15.06-25.06.2021 10 380 € 480 €
25.06-05.07.2021 10 430 € 580 €
05.07-15.07.2021 10 480 € 630 €
15.07-25.07.2021 10 530 € 680 €
25.07-04.08.2021 10 530 € 680 €
04.08-14.08.2021 10 530 € 680 €
14.08-24.08.2021 10 530 € 680 €
24.08-03.09.2021 10 480 € 580 €
03.09-13.09.2021 10 380 € 480 €
13.09-23.09.2021 10 300 € 400 €

АПАРТМАН бр.3 (прв спрат):     1/2 ПРВ КАТ
Простран трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба  на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три  единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

АПАРТМАН бр.5 (прв спрат):     1/2 ПРВ КАТ

АПАРТМАН бр.2 (втор спрат):     1/3 ВТОР КАТ
Трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Се наоѓа на вториот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба  на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

АПАРТМАН бр.5 (втор спрат):     1/3 ВТОР КАТ
Простран трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба  на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три  единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

ДУПЛЕКС бр.6 (прв спрат):     1/5 ПРВ КАТ
Петкреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби и целосно издвоена кујна. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалните соби на самиот влез во апартманот е поставен клима уредот чие користење е вклучено во цената. Во првата просторија се наоѓа  кујната која е опремена со мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Втората просторија е спална соба во која има еден дупли кревет со нормални димензии, гардеробер и телевизор. Од спалната соба се излегува на долга тераса опремена со пластични маси и столчиња која има страничен поглед кон морето. Во третата просторија има уште една спална соба со три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер и телевизор. Од собата се излегува на истата тераса од првата спална соба која е заштитена со тенда. Купатилото е со нормална големина, опремено е со када.

НАПОМЕНИ: 
  • Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз.
  • Во студијата и апартманите дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
  • Сместувањето е првиот ден после 14,00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09,00 часот по локално време
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за одржувањњето на хигиената. По завршувањето на Вашето летување, должни сте да го оставитет студиото или апартманот во пристојна (чиста) состојба.
  • Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Сопственикот на вилата има право да реагира и да је ускрати оваа услуга доколку го оставате апаратот да работи во времето додека сте на плажа или надвор од апартманот.
  • Во случај на причиниета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Last Minute  понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитети во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства на име разлика во цена.
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвфредност по курс 62 денари.
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата).
ПРЕВОЗ:

31

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure