209€
  • Патувања во Европа
  • Опис
  • Локација
  • Фотографии

Tour overview

ВТОР ДЕН   11.02.2023 (сабота) БРНО 

Пристигнување во Брно во претпладневните часови, тргнуваме на разглед на градот и неговите културно историски споменици. Брно е главниот град на Моравија (историски регион во Чешка). Тој е најголемиот град во Моравија и вториот по големина град во Чешка по население и површина. Брно е срцето на Моравија и нејзиниот културен центар; тоа е дом на многу институции поврзани со моравската историја и култура. Во исто време, Брно претставува административен центар на современиот јужноморавски регион. Брно е прилично необичен град, втор по големина во Чешка по Прага, главниот град на Моравија. Историјата на Брно е исклучително богата: првото спомнување на населбата датира од единаесеттиот век. Задолжително посетете ја катедралата Свети Петар и Павле, старото градско собрание, плоштадот Капучин и црквата Свети Јован. Во центарот на Брно се издвојува прекрасната тврдина Шпилберк. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање секако со пиво и коленица, ова е Чешка. Голема пивница и ресторан што произведува пиво е  Старо Брно. Но, секој угледен паб и ресторан нуди свое пиво со потпис. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 12.02.2023 (недела) БРНО – ОЛОМУЦ – ПРАГА

Појадок. После појадокот факултативен излет до шестиот град по големина во Чешка, вториот град по големина во Моравија и првиот главен град на Моравија – Оломуц. Сместен на реката Морава, градот е црковна метропола и бил историски главен град на Моравија, пред да биде ограбен од шведската армија за време на Триесетгодишната војна. Тој е шестиот по големина град во земјата и најважниот град во регионот Хана во Моравија. До средината на 17 век, Оломуц можеше да се смета за еден од главните градови на Моравија(заедно со Брно). Неговиот добро сочуван Стар град припаѓа на најубавите во Чешка и може да се пофали со светско наследство на УНЕСКО (Horní náměstí, Колоната на Света Троица, Градското собрание на Оломоуц, фонтаната на Цезар (Caesarova kašna), фонтаната на Арион (Ariónova kašna) и фонтаната на Херкулес (Herkulova kašna), Dolní náměstí, Црквата Свети Морис , Комплексот замок Оломуц, Катедралата Свети Вацлав…. Ако сакате да посетувате шармантни историски градови и не ви се допаѓа толпата што ќе ја видите на пр. во Прага, тогаш Оломуц може да биде совршена дестинација за вас. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во некои од локалните ресторани и кафулиња и можност да пробате и си купите од најсмрдливото сирење кое е заштитен бренд на Моравија и се произведува единствено таму. Околу 15ч. Поаѓање кон Прага, пристигнување во Прага околу 18ч. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и  можност за ноќна прошетка низ Прага (НАША ПРЕПОРАКА: факултативна можност за посета на традиционален ресторан со традиционална чешка кујна и традиционално средовековно шоу со танчерки и бенд). Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН 13.02.2023 (понеделник) ПРАГА 

Појадок. После појадокот одиме на разглед на Златниот Град – Златна Прага и најимпресивниот град во Чешката Република. Панорамски разглед на Прашкиот Дворец на Хpдачани, Шпанската сала монументална градба од X век, катедралата Св. Вито со капелата Св. Венцеслав и гробниците на чешките кралеви; старата Кралска Палата; базиликата Св.Ѓорге и Златната улица, со сочуван изглед од XVI. век. Ја поминуваме Влтава преку Карловиот Мост, Старата Кула на мостот, споменикот на Карло IV, и по Карловата улица доаѓаме на  Староградскиот Плоштад со познатиот астрономски саат Орлој, прашкото гето – Еврејскиот кварт со десетина синагоги, Вацлавске Намести, Националниот музеј, Националниот театар и познатата Барутна кула. Слободно време за индивидуални активности и факултативно дневно крстарење по В’лтава каде ќе уживате во прекрасната глетка на Прага слушајќи ја прекрасната музика на Сметана. Враќање во хотел. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН 14,02.2023 (вторник) ПРАГА – ЧЕШКИ КРУМЛОВ – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот поаѓање кон еден од најубавите градови во Чешка Бохемија – Чешки Крумлов волшебен средновековен град, сместен над реката Влтава, а под заштита на UNESCO од 1992.година. Самиот град настанал во 13.век и се развивал околу замокот кој доминира со градот, а втор е по големина во Чешка, веднаш после Храдчани. Градот ги импресионирал многубројните уметници, па така и не зачудува што филмовите “Hostel” & “Iluzionist” се снимени баш во овој бајковит град…по доаѓањето разглед на градот, прошетка до замокот низ тесните улички, како и до црквата на Св.Вито и галеријата на Егон Шиле, замокот Крумлов (Горниот град, капелата Свети Ѓорѓи, Паркот Крумлов зафаќа површина од 11 хектари, на кои има каскадни фонтани, големи цветни леи,Градината на замокот, Летната палата Беларија, Колона на Богородица (колона од чума), Куќи од латран, Црква Свети Вито,Синагога. Слободно време за индивидуален разглед на градот или уживање во чешката гастрономија во некоја од локалните пивници или ресторани.

Поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи и паузи за гранични и царински формалности. Пристигнување во Скопје во предпладневните часови наредниот ден (15.02.2023).

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  ЗА УПЛАТА СО АКОНТАЦИЈА 30% ДО 15  ДЕКЕМВРИ: 209 € / 12.960 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 233 € / 14.446 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз на наведените релации
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* ( 1НП во Брно и 2НП во Прага)
  • Разгледи со локални водичи на Брно, Прага и Чешки Крумлов
  • Организација и реализација на аранжманот
  • Лиценциран пратител на групата за време на целото патување
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Задолжително патничко осигурување  250 ден
  • Факултативен излет до Оломуц со локален водич – 30еур
  • Традиционален чешки ресторан со шоу – 40еур
  • Крстарење по Влтава ( Прага) – 20еур
  • Влезници за културно – историски споменици и музеи
  • Влезници за Замокот Крумлов – околу 12еур (плаќање на лице место)
  • Доплата за избор на седиште во автобус  – 10€
  • Задолжителна туристичка такса 2€ по лице по ноќевање
  • Индивидуални трошоци
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Останатите услови на патување важат според Општите услови на патување при СКТМ и  Балкан Експрес Травел.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.   ID00
ВИ ПОСАКУВАМЕ ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
 РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.